
Деми Мур и Брус Вилис се пример за хармонична врска и по развод: Заедно го прославија родендендот на актерот
Холивудските актери Деми Мур и Брус Вилис се разделија во 1998 година по единаесет години брак, а денес се вистински пример за поранешни сопружници.
Препорачано
Некогаш познатиот актерски пар, до ден денес негуваат прекрасен пријателски однос и заедно се грижат за своите ќерки. Колку се блиски докажува и фактот што 67-миот роденден на Вилис го поминале заедно.
View this post on Instagram
Ниту нивниот развод и долгите медиумски шпекулации, ниту неговата нова љубов, Ема Хеминг со која има две ќерки, не застанаа меѓу поранешните сопружници. Нивниот однос не го нарушил ниту бракот на Мур со актерот Ештон Качер.
Дури и по разводот во 1998 година, холивудските актери нагласија дека ќе останат пријатели и ќе ги негуваат семејните вредности и покрај распаднатиот брак. Така и треба да биде. Поминаа цели 24 години од нивниот развод, но Брус и Деми се рамо до рамо во сите животни ситуации затоа што делат заеднички деца.
View this post on Instagram
Последен доказ е заедничкото прославување на 67-тиот роденден на актерот. Имено, Деми му приредила големо изненадување. Мур наместо торта на поранешниот сопруг му подготвила послужавник со печурки. Брус, очигледно е голем љубител на печурките, а особено на тартуфите, па тој бил воодушевен од гестот.
View this post on Instagram
„Среќен роденден Брус, ти благодарам за нашето прекрасно семејство“, напиша Мур во описот на нејзината објава.
Роденденот му го честиташе и актуелната сопруга на Вилис, Ема Хеминг Вилис. Поранешната манекенка и модел под заедничката видео компилација која ја објави на својот инстаграм-профил напиша: „Не само што го сакам, туку навистина, навистина го обожавам“.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Брус и Деми заедно имаат 33-годишна ќерка Румер, 30-годишна Скаут и 28-годишна Талула. Со Хеминг, познатиот актер ги има седумгодишната Евелин и деветгодишната Мејбел.
View this post on Instagram
Пред две години, кога започна пандемијата на коронавирус, Брус помина извесно време со своето поранешно семејство. А бројни ситуации досега покажаа дека неговата поранешна сопруга и сегашната се во одлични односи.