
Деми Ловато објави дека повеќе не е небинарна личност: Повторно се чувствувам како жена
Пoп ѕвездата Деми Ловато, која минатата година објави дека се смета себеси за небинарна личност, повторно почна да ги користи женските заменки.
Препорачано
Во најновата епизода од подкастот „Spout“, водителката Тамара Дија ѝ призна на Деми дека сè уште „не ја разбира баш“ заменката „тие“. Пејачката ја користи таа заменка од мај 2021 година, кога изјави дека не се идентификува исклучиво како машко или женско.
View this post on Instagram
„Јас сум променлива личност“
„Да, значи, тие се, хм, јас всушност повторно ги усвоив заменките таа/неа“, рече Деми на подкастот. „Јас сум многу променлива личност, минатата година почувствував дека мојата енергија е избалансирана во мојата машка и женска страна“, додаде таа.
View this post on Instagram
„На пример, кога требаше да одам во јавен тоалет и во тој момент требаше да изберам во кој да влезам, во женскиот или машкиот, не мислев дека има вистински избор за мене затоа што не се чувствував како жена, но не се чувствував ниту како маж“, откри Ловато. „Едноставно се чувствував како човек. И тоа значи за мене заменката „тие“. Се работи само за тоа дека се чувствувате како човечко суштество“, рече таа.
Пејачката додаде дека во последно време повторно се чувствува како жена, што ја поттикнало покрај „тие“ да ги користи и заменките „таа/неа“.
View this post on Instagram
Ловато откри дека е пансексуалка
Деми и претходно отворено зборуваше за нејзиниот пристап кон родот и сексуалноста. Таа во март 2021 година откри дека е пансексуалка за време на епизодата од подкастот на Џо Роган.
„Јас сум флуидна, а дел од причината зошто сум толку флуидна е затоа што бев многу затворена“, рече таа. Кога Роган ја праша дали сака жени или мажи, таа одговори дека ѝ е сеедно.