фото: mtftennis.mk

Дејвис куп: Ивановски донесе поен за израмнување против Малта

После стартниот пораз на Обрад Марковски од првото коло во Третата Европска зона, македонската Дејвис куп тениска репрезентација успеа да се врати резултатски против Малта откако Калин Ивановски во вториот сингл меч триумфираше над Лиам Деликата за израмнување на 1:1.

Првиот поен за нашиот тим го донесе најдобриот тенисер на Македонија Ивановски кој со 2:0 во сетови 6:2 и 6:4 за 1 час и 18 минути игра го совлада Деликата.

Во првиот сет и во мечот нашиот тенисер стартуваше одлично и по двата брејка поведе со 4:0, а потоа двајцата тенисери освојуваа гем на свој сервис и сетот заврши со резултат 6:2 за Ивановски.

И во вториот сет на самиот почеток Ивановски направи брејк за водство од 2:0 и таа предност ја имаше до крајот на сетот. Во 10 гем на свој сервис не ја искористи првата меч топка, а притоа направи и двојна грешка, за веднаш потоа да ги земе следните два поена и да го освои сетот со 6:4.

За победникот во мечот ќе решава пресметката на дубловите на двете репрезентации. Калин Ивановски ќе игра заедно Берк Бугариќ против Алекс Дегабриеле и Лиан Деликата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!