Фото: EPA-EFE/HELLE ARENSBAK DENMARK OUT

Дејв Грол призна дека ја изневерил сопругата и дека добил дете надвор од бракот

Пејачот и гитарист на „Фу Фајтерс“, Дејв Грол откри дека ја изневерил сопругата и неодамна добил дете со љубовницата. 55-годишниот музичар се огласи на Инстаграм и објасни дека прави сѐ за да му прости неговото семејство.

„Неодамна станав татко на нова ќерка, родена вонбрачно. Планирам да ѝ бидам родител со љубов и поддршка“, напиша тој.

„Ја сакам мојата сопруга и моите деца и правам сѐ што можам д ја вратам новната доверба и да ја заслужам нивната прошка. Ние сме благодарни за вашето внимание за сите вклучени деца додека продолжуваме понатаму заедно“, рече тој.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ davestruestories

Дејв и неговата сопруга, поранешната манекенка и продуцентка Џордин Блум, се заедно повеќе од 20 години. Тие се венчаа во 2003 година, а заедно имаат три ќерки – Виолет Меј (18), Харпер Вилоу (15) и Офелија Сент (10).

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!