Децата од Скопје Север добија ново игралиште

Фото: Општина Бутел

Во основното училиште „Петар Здравковски Пенко” во населбата Скопје Север, Општина Бутел реализираше нови два проекти, ново детско игралиште за најмалите и ново партерно уредување во училиштите.

Детското игралиште е опремено со нови реквизити за рекреација на најмладите, нова мека подлога и ограда за зголемена безбедност. Во средината на општинското основно училиште поставено е ново партерно уредување со што се уреди овој простор. Со ова се подобруваат условите и се создаваат нови катчиња за најмладите каде ќе можат да го минуваат своето слободно време – информираат од Општината.

Во релизација на проектите, како што велат оттаму, помогнале и неколку општествено одговорни фирми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот