Фото: ТВ21

Деца во градинка оставени без храна и греење среде зима – се скарале општината и министерството

Без струја и храна за децата останала градинката „Пролет“ во гостиварското село Добри Дол. Министерството за социјална политика ја обвинува општината дека намерно ја прекинала струјата и дека го зела возилото со кое се доставувала храната.

„…со земање на возилото за дистрибуција на храна, вршат тешка повреда на нивните овластувањата на штета на нивните најмлади жители на општината – децата. За иронијата да биде уште поголема, денеска, на 10 февруари 2025 година, по налог на Општината, во главната зграда на градинката во село Врапчиште, која е составен дел на училиштето, беше исклучено парното и струјата на температура од -5 степени. Покрај сериозното прекршување на законот, градоначалникот на Врапчиште со својот последна постапка ги прекрши и правата на децата од Конвенцијата за правата на детето“, велат од Министерството.

Ова се случува откако Министерството за социјална политика и ги одзело ингеренциите во образованието на Општината Врапчиште. Градоначалникот, Исен Шабани, вели дека не е одговорен, тврдејќи дека министерството незаконски ги одзело неговите ингеренции и дека проблемот со струјата сега треба да го реши самото министерство.

„Сега слушам од вас. Немам ништо официјално дека има проблем со струјата и автомобилот, немам официјална најава дека е именуван нов директор. Точно е дека речиси 10 дена министерот ги добива ингеренциите да го именува директорот и останатите. За да не играм политика, министерот да го препознае проблемот со градинката, дека има недостиг од кадар, па да направи избор. Има прекршување на законот од страна на министерот, тој незаконски ги презел овластувањата и повторно направил прекршок со тоа што го поставил директорот со еден од воспитувачите. Сега треба да го прашате министерот како ќе управува со таа градинка“, вели Шабани.

Директорката која министерството ја назначило во меѓувреме, вели дека не знае дали утре ќе има струја во објектите.

„Утрово имаме објекти, еден во Врапчиште и Добри дол и утрото ме известија дека во Добри Дол нема струја и децата ги испративме дома бидејќи беше -5 степени. Овде во Врапчиште предмалку ни ја исклучија струјата, сега имаме, но ни рекоа пак ќе ја исклучат. Ќе преземеме мерки децата да имаат право на образование, а тоа ќе го реши Министерството за труд и социјална политика“, вели директорката, Турќан Салији.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот