Фото: Креирана илустрација

Деца нашле шприц во дворот на скопска градинка, ја скршиле иглата и се гребеле со неа

Загрижен родител тврди дека од градинката им било порачано на родителите случајот да не се изнесува во јавност, објави порталот „А1он“.

Пред две недели во дворот на градинката „13 Ноември“ во Буњаковец, деца пронашле шприц, а родителите стравуваат дека некои од нив можеби се гребнале или боцнале од иглата, објави „А1он“.

Додека играле, децата го зеле шприцот и си го предавале едно на друго, без да забележи никој возрасен колку долго траела оваа ситуација.

Родител за „А1он“ изјавил дека станувало збор за веќе употребен шприц, најверојатно фрлен од зависник од дрога. Паника настанала кога било откриено дека едно од децата го однело шприцот дома скриен во џеб, а подоцна било утврдено и дека имало игла која децата ја скршиле и се гребеле со неа. Сè уште не е јасно дали навистина некои од нив биле боцнати или повредени.

Според сведоштво на родител, пишува „А1он“, од градинката им било кажано да не го шират случајот во јавност и дека ќе се реши внатрешно. Дел од родителите реагирале дека не се обрнува доволно внимание на децата кога играат во дворот, а други барале во вечерните часови да има контроли за тоа кој влегува и што се случува таму.

Од „А1он“ се обиделе да стапат во контакт со директорката на градинката, Ружица Биџовска, но телефонскиот број за контакт не бил во функција, па засега нема одговор од нејзина страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот