Фото: РК Еурофарм Пелистер

Дебакл на Еурофарм Пелистер: Шампионот смрзна во Полска на „минус 11“

Ракометарите на Еурофарм Пелистер продолжуваат со лошиата низа во Лигата на шампионите, откако денеска го забележаа третиот последователен пораз, овојпат на гостувањето кај полската Висла Плоцк со убедливи 36-25.

Битолчани успеваа да парираат само во првото полувреме, но во вториот дел домаќините буквално го „скршија“ отпорот на македонскиот првак и го однесоа натпреварот во една насока.

Натпреварот почна лошо за Пелистер,  уште во првата минута исклучен беше Абутовиќ, а пет минути подоцна и Хенигман. Сепак, избраниците на Гарабаја успеваа да ја одржат играта израмнета и дури во 11. минута поведоа со 5-4.

Следуваше период на израмнета борба, но до 20. минута Висла успеа да се одлепи на 11-9, по што почна постепено да ја презема контролата. На полувреме се замина со предност од 18-14 за домаќините.

Во второто полувреме, Пелистер целосно падна. Полскиот тим ги казнуваше сите грешки, па на крајот разликата беше и двоцифрена. Најефикасен кај Пелистер беше Дејан Манасков со седум гола, додека во редовите на победничкиот остав, Мелвин Ричардсон постигна осум гола, Митревски ја заврши средбата со девет одбрани.

По четири одиграни кола, Пелистер е претпоследен на табелата со два бода, пред Загреб, кој е единствен без освоен бод, но и со натпревар помалку.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот