
Де Брујне останува на врвот: Кои се најплатените фудбалери во Премиер лигата?
Фудбалерот на Манчестер сити, Кевин Де Брујне е најплатениот играч во Премиер лигата со околу 460.000 евра неделно. Белгиецот ќе пропушти добар дел од оваа сезона откако веќе во првото коло против Барнли ја обнови повредата со која се здоби во финалето на Лигата на шампионите од претходната сезона.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На второ место е неговиот тимски колега, напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд со приход од околу 430 илјади евра.
Одличниот Норвежанец лани беше најдобар стрелец во Премиер лигата со 36 гола, а во ист ритам продолжи и во новата, откако по шест кола веќе има осум гола. Поради оваа причина, не треба да чуди ако наскоро Халанд се најде на врвот на оваа листа, а сигурно и ќе му се понуди нов договор.
Третото место според приходите го делат најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах и играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Касемиро со околу 400.000 евра месечно.
Нешто помали неделни примања има дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан со околу 390 илјади, додека Рахим Стерлинг е единствениот играч на Челси на оваа листа со 375 илјади евра.
Неделно околу 350 илјади евра заработуваат фудбалерите на Манчестер сити, Џек Грилиш и Бернардо Силва, како и напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд. Листата на Топ 10 најплатени фудбалери во Премиер лигата по неделна заработка ја комплетира фудбалерот на Арсенал, Каи Хаверц со околу 320 илјади евра.