
Давор Панчевски ви препорачува: Подгответе си лесен и освежителен десерт за овој период од годината!
Барате некој лесен и освежителен десерт кој е погоден за овој период од годината? Од кујната на Давор успеавме да извлечеме едно ново слатко задоволство на кое ќе му се израдуваат сите членови од семејството.
Препорачано
Овој вкусен колач е лесен за подготовка, а ќе ви помогне да се засладувате во текот на целата недела.
Не чекајте, направете го уште денес и уживајте во неговиот вкус.
Потребни состојки:
За кората:
6 белки
50 г шеќер
50 г мелени ореви
50 г мелени бисквити
опционално – 1 лажичка ванила
За филот:
6 жолчки
1 пудинг од ванила
2 лажици брашно
600 мл. Млеко
250 г путер
100 г шеќер во прав
1 лажичка екстракт од ванила
Слатко од дуња по желба.
250 мл. Слатка павлака

Во длабок сад изматете ги белките со шеќерот во цврст шлаг. Додадете ги мелените ореви и бисквити. Претурете ја смесата за пандишпан во правоаголно тавче обложено со хартија. Печете на 180 степени околу 20-25 минути.
За филот, изматете ги жолчките пудингот,брашното, млекото и ванилата заедно и готврте додека не се згусне. Покријте со хартија за свежа храна и оставете да се олади комплетно филот.
Потоа изматете го путерот и шеќерот во прав и полека додавајте од изладениот пудинг. (путерот и пудингот треба да се на иста температура за да може лесно да се спои смесата).
На изладениот пандишпан нанесете го вака подготвениот фил и оставете да се излади во ладилник околу 1 час.
Нанесете тенок слој од слатко и изматен шлаг.
Оставете да се стегне убаво, а за тоа време исечкајте јагоди или друго овошје и наредете го врз шлагот. Оставете да се стегне и пресечете парчиња.
Добар апетит и забавно готвењe, ви порачува Давор!