Данска ги прераспоредува војниците од Ирак во Кувајт од безбедносни причини

Фото: Миа.мк

Околу 30 до 40 дански војници треба да останат во авиобазата Аин ал-Асад во западен Ирак, додека другите треба да бидат прераспоредени во соседен Кувајт.

Данска привремено ќе ги прераспореди своите повеќе од 130 војници од Ирак во соседен Кувајт од безбедносни причини, изјави данскиот премиер Мет Фредериксен, јави ДПА.

„Оваа одлука се темели на советите на данското воено раководство”, им кажа Фредериксен на новинарите.

Околу 30 до 40 дански војници треба да останат во авиобазата Аин ал-Асад во западен Ирак, додека другите треба да бидат прераспоредени во соседен Кувајт.

„Тоа е привремен потег”, изјави Фредериксен, пренесува ДПА.

Одлуката уследи по иранскиот ракетен напад врз Ирак.

Данските трупи што ќе бидат прераспоредени во Кувајт имаа свој придонес во тренинг мисиите во рамките на операцијата „Непоколеблива одлучност”, што има за цел зајакнување на долгорочниот капацитет на ирачките трупи  да се спротивстават на милитантите на Исламска држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот