Германската компанија Херман Шпилварен направи плишани мечиња во чест на канцеларката Ангела Меркел која оди во пензија/ Фото hermann spielwaren

„Данке Ангела“: Германска компанија направи плишани мечиња во чест на Меркел

Германската компанија за играчки „Херман Шпилварен“ направи ограничена серија плишани мечиња посветени на канцеларката Ангела Меркел, која се пензионира по 16 години на функцијата, пренесува Локал Германија.

Германската компанија Херман Шпилварен направи плишани мечиња во чест на канцеларката Ангела Меркел која оди во пензија/ Фото hermann spielwaren

Компанијата од Баварија објави дека направила мечка висока 40 сантиметри, што неодоливо наликува на Меркел. Таа дури има слична фризура како канцеларката, а ги држи шепите споени слично како познатата позиција позната како „Ромб на Ангел“.

Германската компанија Херман Шпилварен направи плишани мечиња во чест на канцеларката Ангела Меркел која оди во пензија/ Фото hermann spielwaren

Тие на нивната страна напишаа „Данке Ангела“ и се заблагодарија за се што направи канцеларката за земјата за време на нејзиното владеење.

Вкупно 500 парчиња од овие мечки ќе бидат изработени, а 16 -тото што ќе излезе од лентата ќе биде испратено лично до канцеларката, што е симболично за бројот на години поминати на власт.

Цената на мечката ќе биде 189 евра. Претходно, оваа компанија направи мечки во чест на Барак Обама, кралицата Елизабета Втора.

Германската компанија Херман Шпилварен направи плишани мечиња во чест на канцеларката Ангела Меркел која оди во пензија/ Фото hermann spielwaren

Што ќе прави Меркел во нејзината пензија?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот