Драган Даниловски Фото: Screenshot/YouTube

Даниловски скептичен за резултатите од скринингот: На ѓутуре се собираат граѓани по случаен избор, како во политички анкети

Епидемиологот Драган Даниловски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 порача дека тој дефинитивно не е за задолжителна вакцинација кога знаеме дека има многу граѓани кои прележале.

„Како тоа тој што прележал и плус е вакциниран со две дози да му барате да биде задолжително и трета доза да стават, тоа е нон сенс. Дефинитивно за тие помладите со две дози нема зошто и третата да им се инсистира“, вели Даниловски.

„Подваријантата „Стелт“ на сојот Омикрон сигурно ќе стане подоминантен затоа што е околу 30% е позаразен од оригиналниот Омикрон, но ништо страшно нема да настане“, истакна тој.

Според него, овој сој не предизвикува потешка клиничка слика, односно ист е како омикронот.

Тој смета дека ковид-сертификатите треба да се укинат под итно.

-Знаеме дека вакцините не штитат од заразувањето, а посебно што цвета бизнисот со фалсификати. Неприфатливо е што со стручно-неисправна и бесмислена мерка да се инсистира да се зголеми опфатот со вакцинација. Тоа е бесмислено, потенцира докторот.

Даниловски е скептичен за резултатите од скринингот што се прави на неколку локации низ Скопје, бидејќи според него, не се проведува пропорционални и систематски.

-Не може по случаен избор да се собираат граѓани. Вака ова ѓутуре се вели народски, како кога се прават анкети за политички и разно разни работи. Аматерски е, вели Даниловски, додавајќи дека покрај Скопје како најголема територијална единица, има и други населени места сите имаат разлилна големина и треба пропорционално да се собере одрреден број граѓани за тестирање од секоја од тие територијални единици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот