Фото: Инстаграм

Даниел Кајмаковски откри кои две дами му го „украдоа срцето“: А по неа, ништо повеќе не е исто

Пејачот Даниел Кајмаковски кој деновиве ужива со семејството на Златибор, на социјалните мрежи објави фотографија преку која откри кои се дамите кои  кои го „украдоа“ неговото срце. Фотографијата на која неговата сопруга Марина ја држи во раце Емилија нивната тримесечна ќерка, предизвика лавина на реакции, но и коментари кои пејачот по кратко време ги тргна од објавата.

– Овие две дами ми го украдоа срцето – напиша пејачот под објавата.

Кога се роди Емилија, пејачот објави фотографија со неговата штотуку родена ќерка под чија објава напиша – „Најголемата авантура во мојот живот започнува“.

Инаку неодамна Даниел и Марина ја прославија втората годишнина од бракот во која покрај Емилија го имаат и синот Стефан го добија во 2023 година, а пејачот своевремено напиша.

– Ти си сè она што некогаш сум го барал. Ти благодарам што ме туркаш кон тоа да ги остварам сопствените соништа секој ден – напиша тогаш пејачот на Инстаграм.

Да потсетиме, Даниел Кајмакоски претходно беше во брак со манекенката Кристина Димитријевска, со која има едно дете, синот Давид.

По разделбата со Димитријевска во 2020 година, пејачот го чуваше приватниот живот далеку од очите на јавноста. Тоа се смени во септември 2022 година, кога ја сподели првата фотографија со неговата сегашна сопруга Марина. Тие стапија во брак во јануари 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот