
Данците го тестираа евтиниот накит купен онлајн – кадмиумот се „маскира“ во сребро
Три парчиња накит – од Виш и Eбеј соодветно – содржеле нивоа на кадмиум над 95 проценти, иако биле означени со „925 сребро“. 6 од 16 парчиња накит од странски платформи содржат големи количини на штетни тешки метали како кадмиум и ослободуваат премногу никел
Едно од три парчиња накит од онлајн платформи се нелегални, штетни и тешки метали како што се кадмиум и никел се пронајдени во големи количини во 6 од 16 парчиња, покажа анализата на Дански совет за потрошувачи Тинк Хемикалс. Во анализата биле тестирани прстени, обетки, алки и ѓердани од онлајн платформи надвор од ЕУ во однос на содржината на никел, олово и кадмиум. Меѓудругото утврдена е лажна ознака за 925 сребро ( 925 Sterling Silver), а накитот бил направен од кадиум.
Препорачано
-Имено 3 парчиња накит – од Виш и Eбеј соодветно – содржеле нивоа на кадмиум над 95 проценти. Ова одговара на 9.500 пати над дозволената граница. Кадмиумот е високо токсичен тежок метал кој се акумулира во телото и меѓу другото може да доведе до оштетување на бубрезите. Трите парчиња со висока содржина на кадмиум биле означени со „925 сребро“, што нормално означува дека содржат најмалку 92,5 проценти чисто сребро. Сепак, лабораториските анализи покажале дека тие биле направени речиси целосно од кадмиум – а не од вистинско сребро. Ова значи дека марката не е сигурна гаранција за квалитет или безбедност при купување на онлајн платформи и ризикувате да купите токсичен производ, дури и ако изгледа добро и автентично, потсетуваат од Организацијата на потрошувачи на Македонија.
При тестирањето биле пронајдени само многу мали траги од олово, а сите наоди биле под законскиот праг. Сепак и оловото е супстанца која мора да се сфати сериозно бидејќи се акумулира во телото и може да влијае на развојот на мозокот, особено кај децата, а кај возрасните, исто така, може да биде штетно за здравјето.
Данците тестирале 23 видови накит – обетки, прстени, ѓердани и алки – од онлајн платформи и одредени физички продавници, а биле купени 16 парчиња накит од онлајн платформите AлиЕкспрес, Aмазон.ком, Eбеј, Шеин, Teму и Виш, а 7 парчиња накит биле купени од продавниците на ( Х&M, Зара и сл.)
Според законодавствата на ниво на ЕУ накитот може да содржи никел, но постојат ограничувања за тоа колку никел може да ослободи. Границата за ослободување на никел од накит е 0,5 микрограми никел/цм2/неделно. Накитот бил анализиран за кадмиум и олово во лабораторија. Имено кадмиумот и оловото се токсични тешки метали кои се акумулираат во телото и предизвикуваат различни здравствени ефекти.
Тестот покажал и дека постојат значителни разлики помеѓу накитот купен во физичките продавници и оние кои доаѓаат од онлајн платформи надвор од ЕУ.
Имено откриен е накит со ослободување на никел помеѓу 3 и 205 пати над граничната вредност, кое нешто е загрижувачко, бидејќи околу 10 проценти од младите жени се проценува дека имаат контактна алергија на никел, а која алергијата трае доживотна и може да предизвика постојан осип и екзема кога кожата доаѓа во контакт со производи како што се накит, па дури и мобилни телефони. Затоа е важно да се избегнува никел во накитот – особено ако веќе имате симптоми.