Лука Модриќ, хрватскиот фудбалски репрезентативец/фото: EPA-EFE/Andy Rain

Далиќ го објави конечниот список на Хрватска за Светското првенство 2022

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ го објави конечниот список на фудбалери кои ќе играат на Светското првенство во Катар.

Потсетување дека „коцкестите“ во 2018 година го освоија сребрениот медал откако во финалето загубија од Франција.

Хрватите на Мундијалот се во групата „Ф“ со селекциите на Мароко, Канада и Белгија. Во продолжение составот на хрватската фудбалска репрезентација за СП 2022:

Голмани: Доминик Ливаковиќ, Ивица Ивушиќ, Иво Грбиќ.

Одбрана: Домагој Вида, Дејан Ловрен, Борна Баришиќ, Јосип Јурановиќ, Јошко Гвардиол, Борна Соса, Јосип Станишиќ, Мартин Ерлиќ, Јосип Шутало.

Среден ред: Лука Модриќ, Матео Ковачиќ, Марсело Брозовиќ, Марио Пашалиќ, Никола Влашиќ, Ловро Мајер, Кристијан Јакиќ, Лука Сучиќ.

Напад: Иван Перишиќ, Андреј Крамариќ, Бруно Петковиќ, Мислав Оршиќ, Анте Будимир, Марко Ливаја.

Конечниот список на Бразил за Мундијалот: Жезус оди во Катар, без Фирмино и Кутињо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот