
Дали знаете зошто задолжително треба да вапсате виолетови јајца за Велигден?
Природното вапсување јајца е сè попопуларно, а со оваа техника може да се постигне многу убава и интензивна боја, од кои, една од омилените е виолетова.
Препорачано
Виолетова боја – симболика
Зошто виолетовата боја се поврзува со Велигден? Во древните времиња, виолетовата боја била симбол на кралствата и авторитетот затоа што во антиката таа боја била многу ценета, која тешко можела да се набави, бидејќи тешко се наоѓала во природата. Со самото тоа била и скапа, па ја носеле само кралевите или исклучително богатите луѓе, поради што виолетовата боја станала симбол за моќ.
Виолетовата се појавува и во Стариот завет, каде се наведува дека скинијата во која се наоѓал Заветниот ковчег била направена од „убаво преден лен, со сино, пурпурно и скарлетно предиво“. Кога кралот Соломон го изградил Светиот храм во Ерусалим, направил завеса од ткаенина од наведените бои.
Инаку, таа била користена и за да се исмее Исус Христос кој го нарекле крал на Евреите. Додека римските војници го исмејувале, го облекле во пурпурен фустан и на главата му ставиле венец од трње, извикувајќи: „Здраво, кралу еврејски“, запишано е таму.
Поради тоа, црквите ја користат виолетовата боја за да ја истакнат жртвата на Исус пред воскреснувањето, така што свештенството носи виолетова облека, завиткување предмети во виолетова ткаенина итн.
Во денешно време, виолетовата боја симболизира изобилство, амбициозност, племенитост и моќ, како и екстраваганција, достоинство, мудрост, независност, креативност, мистерија…

Како да вапсате јајца во виолетова боја на природен начин?
За да ја постигнете прекрасната нијанса на оваа боја, може да ги употребите следните работи:
– цветови од темјанушка (за потемна нијанса)
– црно вино
– чај од хибискус
– сок од боровинки
Помешајте ја одредената количина од овие намирници со лажица алкохолен оцет, добро помешајте, па додадете вода и ставете ги внатре варените јајца. Оставете да отстојат додека сѐ не ја примат убавата и интензивна боја.