
Дали знаете дека постои „негативен“ оргазам? Феномен за кој никој не зборува, а се случува почесто отколку што мислите
Оргазмот често се смета за врвен доказ за сексуален успех, но истражувањето објавено во списанието „Архива на сексуално однесување“ (Archives of Sexual Behavior) открива дека тој може да биде и извор на притисок, непријатност, па дури и болка.
Препорачано
Терминот „негативен оргазам“ се користи за да се опишат ситуации во кои доживеаниот чин не носи задоволство, туку низа емоционални, физички или психолошки непријатности.
Во студијата учествувале 726 лица на возраст од 18 до 66 години, од различен пол и сексуален идентитет. Истражувачите ги прашале дали некогаш имале негативно сексуално искуство поврзано со оргазам – и изненадувачки голем број одговори биле потврдни.
Притисокот дека „мора“
Авторите на истражувањето, професорката Сара ван Андерс од Универзитетот Квинс и Сара Чедвик од Универзитетот во Мичиген, посочуваат на феномен што го нарекуваат императив за оргазам – идејата дека секој сексуален чин е успешен само ако вклучува оргазам, по можност со двајцата партнери. Тој притисок, истакнуваат тие, често доаѓа од општествените очекувања, но и од динамиката на партнерите.
Многу испитаници рекле дека се чувствуваат виновни кога не доживуваат кулминација или дека трпат критики од своите партнери кои го сфаќаат тоа лично – како знак дека не се доволно привлечни или дека сексот им е помалку важен од другите работи во животот.
Оргазмот не брише сè
Иако однадвор сè може да изгледа како задоволителен секс, многу учесници откриле дека нивните оргазми понекогаш биле болни, неинтензивни или едноставно им недостасувало задоволство. Особено во ситуации каде што немало емоционална врска со партнерот.
Некои опишаа дека се оддалечиле целосно – духовно и емоционално – за време на врската. Во такви случаи, дури ни физичкото возбудување не можело да ја потисне непријатноста што ја чувствувале.
Кога верата и идентитетот создаваат дополнителна бариера
Кај некои учесници, особено кај оние со силни религиозни убедувања или кај оние кои се трансродови, чувството на срам или внатрешен конфликт било дополнително засилено по оргазмот. Исто така, жените понекогаш доживувале несоодветни коментари за своите тела, што дополнително ја поткопала нивната самодоверба и задоволство.
Оргазмот не е автоматски синоним за добар секс. Истражувачите велат дека е важно да се нормализираат отворените разговори за сексуалниот притисок и емоционалните аспекти на интимноста. Сексот не треба да биде уште една стресна обврска, туку простор каде што двајцата партнери имаат право да се изразат и да се чувствуваат безбедно – дури и ако не се случи оргазам.