Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез/ фото: EPA-EFE/ANGEL DIAZ

Дали Суперлигата беше најголемиот блеф на Флорентино Перез?

Хаосот околу европската Суперлига продолжува иако дури 10 од вкупно 12 екипи се откажаа по само 48 часа од нејзиното формирање.
Сонот за натпреварување во кое ќе играат само најголемите и најбогатите фудбалски екипи трае веќе 30 години, поточно од 1990-тите и еден од главните иницијатори е првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој со него сакаше да извлече што можно повеќе пари од УЕФА.

Овој пат, проектот во кој 12 фудбалски гиганти (Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер, Милан, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Ливерпул, Челси и Тотенхем) беше далеку поконкретен, имаше и финансиска стабилност од инвестициската банка Џеј Пи Морган која обезбеди пет милијарди долари, но…
Реакциите на УЕФА, ФИФА, навивачите, па дури и Владите на неколку европски држави, ги натераа бунтовниците да ретерираат иако станува збор за милијарди долари кои ќе ги заработеа.

Сега откако проектот европска Суперлига е речиси мртов, се повеќе луѓе кои се вклучени во фудбалот сметаат дека ова беше фантастичен блеф на идеологот Флорентино Перез и дека иднината ќе го потврди тоа. Перез важи за одличен бизнисмен, тој се смета за еден од најбогатите Шпанци и многу добро знае што прави. Успеа да ги убеди големите клубови во успехот на „неговиот“ проект, односно остварување на целта низ најава на формирање на Суперлигата.

Имено, главната цел за успешниот бизнисмен се парите и со Суперлигата, Перез ја натера УЕФА да реагира, односно да ја забрза реформата во Лигата на шампионите и да го зголеми наградниот фонд така што започна преговори со инвестициска компанија за заем од дури шест милијарди евра.
Перез свесно влезе во ризик со тоа што се нафати да биде носител на проектот европска Суперлига, но знаејќи дека е на чело на најголемиот фудбалски клуб на светот кој „не смее “да биде казнет, се чини дека успеа во целта без „лигата на богатите“ или со неа, а таа е да му обезбеди на својот тим поголема заработка.

Откриен планот на Перез, клубовите и ги „крадат“ пехарите на ЛШ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот