Фото: directphoto.bz / Alamy / Alamy / Profimedia

Дали сте го пробале десертот наречен „кескул“? Традиционалниот турски пудинг што се подготвува за 15 минути

Кескул е традиционален турски десерт за чијашто подготовка се потребни само 15 минути, а повеќе од состојките ги имате дома.

Постојат повеќе варијанти од овој кремаст, млечен десерт, а ова е рецептот за кескул кој содржи кокос.

Состојки за четири порции:

– 600 милилитри млеко
– 50 грама брашно
– 50 грама шеќер
– 3 ќесички ванилин шеќер
– 50 грама кокос
– 2 жолчки
– 30 грама путер
– за декорација: бадеми, ф’стаци или кокос.

Подготовка:

Во тенџере сипете 400 милилитри млеко, додадете ги двата вида шеќер и кокос, па оставете ја смесата да се вари на тивок оган додека зоврие. Остатокот од млекото сипете го еден сад, па додадете ги жолчките и брашното.

Матете додека не добиете еднаква смеса без грутки, па потоа сипете ја во тенџерето во која се варат млекото, шеќерот и кокосот. Истовремено, постојано матете ја смесата со маталка (жица). Варете ја оваа смеса неколку минути додека да се згусне, а потоа тргнете ја од огнот и во смесата додајте путер, кој потребно е да се мати додека не се растопи.

Врелата смеса распоредете ја во четири помали садови, покријте ги со пластична фолија и оставете првично да се изладат на собна температура. Потоа, десертот ставете го во фрижидер за да се стегне.

Кога ќе го сервирате, десертот можете да го украсите со кокос, бадеми или мелени ф’стаци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот