Фото: Collection ChristopheL via AFP / AFP / Profimedia

Дали сакавте да ја гледате „Чувари на плажата“? Во подготовка е првата сезона со нова актерска екипа

Обожавателите на хит серијата „Чувари на плажата“ можат да се радуваат на подготовките за снимање на новата сезона од култната серија за спасители во црвени костими за капење, која ќе се емитува на „Фокс“, пренесуваат странските медиуми.

Продукциската куќа „Фремантл“ во вторникот објави дека е во подготовка нова сезона од 12 епизоди која ќе се емитува на телевизиската мрежа „Фокс“ во сезоната 2026-2027. Покрај нова актерска екипа, најавено е дека главен креативен авторитет и продуцент на серијата ќе биде Мет Никс, кој ќе соработува со неколку продуценти од оригиналната серија.

Никс е американски филмски и телевизиски сценарист, режисер и продуцент, познат како креатор и извршен продуцент на популарните серии „Отстрел“, „Добрите момци“, „Компликации“, „Надарените“ и „Вистински лаги“.

– За време на своето прво емитување, „Чувари на плажите“ дефинираше цела една ера на американската плажа и ги издигна спасителите на култен статус – изјавил Мајкл Торн, претседател на „Фокс телевизија“.

– Сега, заедно со нашите партнери од „Фреманлт“, овој телевизиски гигант е подготвен за ново и модерно враќање на сцената-  додал Торн.

„Чувари на плажата“ стана глобален феномен во деведесеттите години од минатиот век. Се емитуваше 11 сезони помеѓу 1989 и 2001 година со повеќе од 240 епизоди.

Со Дејвид Хаселхоф во улогата на главниот спасител, серијата ги направи Памела Андерсон и Кармен Електра глобални ѕвезди, кои станаа миленички на обожавателите во препознатливото опкружување чие дејство се одвива на калифорниската плажа.

Во 2017 година, режисерот Сет Гордон го пренесе „Чувари на плажата“ на големото платно, а улогите на спасителите ги презедоа Зак Ефрон, Двејн Џонсон и Кели Рорбах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот