фото/pixabay

Дали изртениот кромид и лук се безбедни за јадење?

Познато е дека лукот се смета за природен антибиотик и чувар на имунитетот, а има и бројни корисни ефекти врз организмот. Но, што да се прави со него ако изрти? Дали да го фрлиме или да го искористиме?

Додека изртениот компир укажува на поголема количина на соланин, штетно алкалоидно соединение кое служи како природен пестицид и е присутно во зголемени концентрации кај зелените, оштетените или изртените компири, ситуацијата со лукот е поинаква.

Отровните никулци од компирот можат да предизвикаат дигестивни проблеми или главоболки, па дефинитивно треба да се отсечат, но за лукот нема потреба да се грижите. Една студија сугерира дека изртениот лук е поздрав од обичниот бидејќи содржи повеќе антиоксиданси. Лукот рти поради староста, но исто како и кромидот, и поради неправилно складирање и голема количина на влага.

Главиците кромид и лук што ги купуваме во маркетите често остануваат долго време во складишта или на полиците пред да ги однесеме дома. Добрата вест е дека изданоците се безбедни за јадење, но може да имаат горчлив вкус. Горчливата нота нема да биде толку изразена во варени или печени јадења, но ако ја јадете сирова, може да ви пречи.

Ако не сакате да ги јадете, можете да ги засадите изданоците и да одгледувате нови главици. За да спречите изртување, чувајте ги кромидот и лукот на темно, ладно место со добра циркулација на воздухот. Добро е да знаете дека штом ќе никнат, кромидот и лукот брзо ќе почнат да скапуваат. Никогаш не ги чувајте на исто место како јаболката, крушите, кајсиите, праските, сливите, бананите, кивите или мангото, бидејќи овие плодови ослободуваат етилен, гас кој го забрзува зреењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот