
Дали Ѓоковиќ може да го надмине и рекордот на легендарната тенисерка Маргарет Корт?
Новак Ѓоковиќ го собори рекордот на поранешната германска тенисерка Штефи Граф по број на недели на првата позиција на светската листа. Веројатно е првпат во историјата или првпат по којзнае колку време тенисер да држи апсолутен рекорд во еден од најважните тениски сегменти.
Препорачано
Српскиот тенисер има низа рекорди во својата богата кариера, а можно е да направи уште едно големо достигнување во апсолутна конкуренција.
Поранешната тенисерка од Австралија, Маргарет Корт, има 24 грен слем трофеи, освоени во периодот од 1960 до 1973 година. Корт има 11 грен слем титули на „Австралија опен“, по пет на „Ролан Гарос“ и „УС Опен“, а три на „Вимблдон“.
Кај мажите Ѓоковиќ и Рафаел Надал имаат по 22 грен слем титули, па можно е Србинот во уште еден сегмент да биде апсолутен рекордер.
Ноле од денеска учествува на турнирот во Дубаи, а еве што одговори во разговорот за „Спортклуб“ на прашањето уште колку ќе издржи рекордот на Маргарет Корт:
– Не знам, се надевам уште малку. Грен слемовите ми се апсолутен приоритет, без дилеми. Би сакал да бидам и што подолго на првото место на АТП листата, но тоа повеќе не е приоритет бидејќи ги надминав сите рекорди. Секогаш ќе се трудам да победувам на секој турнир. Доколку бидам прво на листата, секако дека ќе бидам среќен, а тоа ќе дојде како последица на врвните резултати на најголемите натпреварувања. Грен слемовите се турнири каде сака да бидам во врвна форма – вели Ѓоковиќ.