Фото: Pixabay

Дали ги перете патиките во машина за перење? Мора да го направите ова за да избегнете оштетување

Патиките се суштински дел од пролетните комбинации, а со доаѓањето на сончевите денови често ќе ги носиме. Сепак, некои модели брзо се валкаат, па многумина од нас размислуваат едноставно да ги „фрлат“ во машината за перење и да се ослободат од нечистотијата.

Иако ова е практично решение, доколку не се изведе правилно, може да ги оштети вашите патили или машината. За да ги избегнете овие проблеми, важно е да знаете кои патики можете да ги перете во машина и како правилно да го направите тоа.

Пред миење, проверете ја етикетата или препораките на производителот. Платнените и синтетичките патики, како што се за трчање или секојдневните платнени патики, обично се погодни за машинско перење.

Подгответе ги патиките пред перење

Пред да ги ставите во машината, извадете ги врвките и влошките. Измијте ги врвките одделно, а влошките подобро е да ги исчистите рачно бидејќи впиваат пот и влага. Исто така, отстранете ја грубата нечистотија како кал и камења за да спречите затнување на филтерот во машината. Ставете ги вашите патики во мрежеста торба или стара навлака за перница за да го намалите оштетувањето и ударот.

Измијте ги на нежен циклус со ладна вода

Миењето на нежен циклус со ладна вода (до 30 степени) е од суштинско значење за зачувување на вашите патики. Високите температури може да го стопат лепилото или да предизвикаат деформација на материјалот.

Додадете крпи за заштита

Ставете неколку крпи во машината заедно со патиките за да ги намалите ударите а барабанот. Овој чекор ги штити не само патиките, туку и машината.

Користете благ детергент и избегнувајте омекнувач

Силните детергенти можат да ги оштетат патиките, а омекнувачите оставаат слој на материјалот. Изберете благ детергент без груби хемикалии, а за нечистотија додадете малку сода бикарбона за да ги отстраните мирисите и да ги освежите чевлите.

Сушете ги на воздух, никогаш во машина за сушење

По миењето, не ги сушете патките во машината за сушење бидејќи високите температури може да предизвикаат деформација или оштетување на лепилото. Наместо тоа, оставете ги да се исушат на воздух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот