Дачиќ вели никој нема право да ја учи Србија каква надворешна политика ќе води

Ивица Дачиќ / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денес изјави дека „никој нема право да ја учи Србија каква надворешна политика ќе води“, одговарајќи на изјавата на хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, поради која Белград вчера испрати протестна нота до Хрватската амбасада.

Дачиќ оцени дека и по нотата „Хрватска продолжува да ја советува Србија да се држи до вистинската страна на историјата“ и праша како некој може да се меша во надворешната политика на една земја и како може да важи еден принцип на меѓународното право кога се во прашање Русија и Украина, а друг принцип кога станува збор за Косово.

Тој порача дека во Хрватска „систематски се гради однос на омраза кон Србија и српскиот народ“.

-Станува збор за постојана кампања. Тие се заинтересирани за се што може да предизвика политичка нестабилност, рече Дачиќ на ТВ Пинк.

Шефот на српската дипломатија оцени дека е потребно да се биде „практичен“ и дека во односите меѓу двете земји треба да се утврди кои се проблемите од минатото, како и да се дефинира кои проблеми остануваат нерешени и да се решаваат.

Министерството за надворешни работи на Србија вчера упати протестна нота до хрватската амбасада во Белград поради неприфатливите изјави на хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман дека „Вучиќ може да биде трабант и сателит на Русија, но нема да се дозволи влијание на Русите или други малигни влијанија кои би ја нарушиле стабилноста на Западен Балкан“

Шефот на хрватската дипломатија изјави и дека српскиот претседател Александар Вучиќ мора да одлучи на кое столче ќе седне, алудирајќи на неговите обиди да одржува добри односи и со Русија и со Европската унија.

Дачиќ остро ја осуди вчерашната изјава на Грлиќ Радман и рече дека никој нема право, а најмалку Хрватска, да дели лекции и брутално да се меша во внатрешните работи на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот