Дачиќ и Лавров / Фото Архива

Дачиќ и Лавров за дијалогот меѓу Белград и Приштина

Како што соопштија од Собранието на Србија, темите на разговорот „во пријателска и пријатна атмосфера” биле дијалогот меѓу Белград и Приштина, ситуацијата во регионот, настаните на глобалната политичка сцена.

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ во рамките на официјалната посета на Москва разговараше денеска со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од Собранието на Србија, темите на разговорот „во пријателска и пријатна атмосфера” биле дијалогот меѓу Белград и Приштина, ситуацијата во регионот, настаните на глобалната политичка сцена.

-Министерот Лавров уште еднаш подвлече дека Руската Федерација ќе продолжи да и дава поддршка на Република Србија во зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, како и дека ќе прифати решение за Косово и Метохија што е прифатливо за Србија, се наведува во соопштението.

Лавров и Дачиќ „изразија подготвеност да продолжат да придонесуваат за натамошен развој на стратешките односи на двете земји на билатерален и мултилатерален план”.

Рускиот министер за надворешни работи го информираше Дачиќ за претстојната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден во Женева во јуни.

Дачиќ порачал дека „парламентарната дипломатија е силен механизам за соработка и подобрување на односите” и дека по успешните разговори со претседателите на Државната дума Владимир Володин и претседателот на Советот на федерацијата Валентин Матвиенко, тој бил „подготвени да вложи максимални напори за зајакнување на оваа соработка” особено во рамките на работата на Комисијата за соработка на двата парламента, чија следна седница е планирана до крајот на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот