
Д-р Несторовиќ повторно шокира: Добро е што младите имаат пневмонија, сите ќе се заразиме во одреден момент
Балканот слушна за д-р Несторовиќ на 27 февруари, кога го нарече новиот коронавирус „најсмешниот вирус во историјата на човештвото кој постои само на Фејсбук“, а жените ги советуваше да одат во Милано на шопинг, бидејќи ги „штити естрогенот“. Сега професорот оцени дека земјите што се затвориле навреме добро работеле за време на пандемијата. Тој ја вклучува Србија меѓу тие земји.
Препорачано
„Земјите што се затворија рано, како нас, поминаа одлично. Останаа тие „слепи црева“ кога земјата се отвори и дел од населението се разболе. Покрај тоа, имавме лошо време, ниски температури, што влијаеја на вирусот“, рече д-р Несторовиќ како гостин во „Хит твит“ на ТВ Пинк.
Пулмологот за ситуацијата со коронавирусот рече дека секаде низ светот се случува истото:
„Активноста на вирусот не е многу голема, јас знам дека луѓето очекуваа помали бројки … Вирусите не умираат туку така, се очекуваше сето ова. Активноста на вирусот е многу, многу пониска. Сега има 99% поблаги случаи на сајтот Worldometers. Дали е вирусот ослабен или не, никој не знае сега. Никој жив не знае што се случува со вирусот“, додаде д-р Несторовиќ.
Д-р Несторовиќ рече дека Србите не ги носат правилно маските и додаде:
„Добро е што младите имаат пневмонија. Сите ќе се заразиме во одреден момент. Ништо не се случува драматично“, заклучи д-р Бранимир Несторовиќ.
Изминатиов период д-р Несторовиќ со неговите изјави неколкупати ја шокираше балканската јавност.
Експертот на Вучиќ кој го исмеваше коронавирусот: Одеднаш станав дебил и кретен (ВИДЕО)
Српскиот доктор повторно изненади: Моја беше идејата децата да излезат и да се инфицираат (ВИДЕО)