Царовска: Онлајн-настава успешно следат 90 проценти од учениците

Онлајн-настава на ниво на целата држава успешно следат 90,2 проценти од учениците, рече министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната работна посета на Прилеп.

– За останатите девет проценти, наставата се следи преку телевизија, но и со доставување печатени материјали до учениците. Благодарност до Националната радиотелевизија заради тоа што овозможи 15-минутни часови да се одвиваат и на телевизија. Како МОН сме задоволни од моделот на настава којшто се избра заедно со Владата, а тоа е комбиниран, дел со физичко присуство дел со онлајн-настава, изјави Царовска.

Во наредниот период следува оценувањето на учениците, а до 20 ноември треба да се утврди и првото тримесечје. Царовска укажа дека и наставниците и учениците ќе имаат поддршка за сите предизвици.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски изјави дека на територијата на општината не се забележани потешкотии во изведувањето на наставата од далечина, а наставата со физичко присуство се одвива согласно со протоколите.

Царовска и Јованоски изразија благодарност до компаниите кои преку донации обезбедуваат ИТ-уреди за учениците и наставниците.

МОН соопшти дека компанијата „Витаминка” и продукцијата „Охо” и „Преспав” денеска обезбедија 100 таблети. Од нив 50 се донација за ученици од социјално ранливи семејства во Прилеп, а останатите 50 за ученици од Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот