Царовска ја посети Занаетчиската комора – разговараше за предизвиците во услови на Ковид – 19

– Владата направи сериозни чекори за промоција на занаетите и стручното образование, како многу важен елемент за создавање на квалитетни и квалификувани кадри за економијата,вели Царовска.

Вицепремиерката задолжена за економски прашања, Мила Царовска денеска ја посети Занаетчиската комора, лоцирана на влезот на Старата скопска чаршија, со чии претставници разговараше за поддршката на занаетчиите во услови на кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19 и за предизвиците со кои се соочуваат традиционалните и современите занаети за нивно опстанување на пазарот.

– Владата направи сериозни чекори за промоција на занаетите и стручното образование, како многу важен елемент за создавање на квалитетни и квалификувани кадри за економијата,вели Царовска.

Царовска ја посети и работилницата за изработка на филигран што е во склоп на Домот на занаетчии, каде во пракса се гледа како се врши процесот на прекфалификација и докфаликација и како тие лица кои ја посетуваат оваа обука се стекнуваат со знаења што понатака може да ги воведат во нов бизнис, да го развиваат и со тоа да ја развиваат нашата економија.

Претседателот на Стопанската комората на занаетчии, Никола Петров, рече дека на средбата со вицепремиерката ги дискутирале проблемите и можните решенија за развој на занаетчиството на територија на град Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот