Цврсто го поддржувам вашиот пат кон ЕУ, порача Марта Кос во честитката за Денот на независноста на Македонија

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, денеска на социјалната мрежа Икс упати честитка до македонските граѓани по повод Денот на независноста.

„Цврсто го поддржувам вашиот пат за приклучување кон нашата Унија. Ние сме со вас на секој чекор од тој пат,“ напиша Кос.

Честитка претходно испрати и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој нагласи дека Европската Унија останува посветена на европската перспектива на земјата.

Антонио Кошта упати честитки по повод Денот на независноста на Македонија

„По повод националниот ден на Македонија, упатувам срдечни честитки до нејзиниот народ и до властите. Европската Унија останува посветена на нашата заедничка иднина, но и на европскиот пат на Северна Македонија – наведе Кошта во објава на Икс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот