Фото: Pexels / Lisa Fotios

Цвеќето во вазна може да трае со недели со еден познат трик

Повеќето цвеќиња во вазна остануваат свежи само околу седум до десет дена. Тоа е штета, бидејќи би сакале подолго да ги чуваме прекрасните шарени букети во својот дом, пишува „Нови лист“.

Можеби веќе сте го откриле трикот со цвеќиња кој стана вирален на социјалните мрежи и кој успева да го продолжи животот на исеченото цвеќе.

Се работи за едноставен трик со кој треба подолог да ги зачувате цвеќињата живи, а се работи за белилото. Едноставно додадете 1/4 лажичка белило во литар вода на цвеќињата во вазна.

Верувале или не, додавањето малку белило во вазна за цвеќе е одлична идеја, но и идеја која многумина веднаш ја етикетираат како мит. Но, зошто трикот функционира толку добро?

Одговорот лежи во фактот дека белилото го спречува растот на штетните бактерии, кои можат да ја направат водата заматена и миризлива, што е јасен знак за раст на бактериите.

Додавањето белило го спречува растот на бактериите и ја одржува водата чиста и свежа, што пак ги одржува и вашите цвеќиња здрави.

Но, важно е да не се користи премногу белило. Иако белилото може да го продолжи животот на вашите цвеќиња, од клучно значење е тоа да го правите умерено. За да го направите ова, треба да ја менувате водата на секои неколку дена и редовно да ги потсекувате стеблата на цветот.

И секако, на букетот не треба да му недостига сончева светлина. Трикот со белилото секако може да биде корисен, но тоа не значи дека треба да ја игнорирате конвенционалната нега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот