ЦУК: Вкупно 1.771 повици за итни случаи на 112

Центар за Управување со кризи лого

Според извештаја на Центарот а управување со кризи имало вкупно 1.771 повик за итни случаи на Единствениот борј за итни случаи 112 во ЦУК. Од нив „реални“ повици за итни случаи биле 38,34%, а 61,66% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.

Со примањето во ЦУК на овие „други“ повици се растоваруваат од, такви непродуктивни за нив повици, службите и институциите коишто се за итно интервенирање. Покрај овие повици, во ЦУК, примарно, се решаваат и тие што се за комбинирано решавање, а не само за ангажман на една служба, институција.

Според распределбата согласно природата на настаните, преку ЦУК, кон Полиција биле упатени 42,44% од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 36,13%, кон пожарникарите биле упатени 1,26%, а кон АМСМ 0,84%. Кон Центарот за управување со кризи имало 19,33% од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 61,66%, „неитни повици“ (вкупно 1.138) биле предмет на примање, одговорање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот