
ЦУК побара од надлежните институции да проценат дали има услов за отстрел на мечката која нападна маж во Пласница
Центарот за управување со кризи поднесе барање до Министерството за внатрешни работи за целосно расчистување на случајот во селото Пласница каде мечка нападна 76-годишен маж. На денешната прес-конференција, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов соопшти дека откако ќе бидат утврдени и потврдени сите околности за овој напад, ќе побараат од МВР да соберат детални информации и веднаш по потврдата ќе побараат од министерствата за земјоделство и за екологија да извршат процена дали се исполнети условите за отстрел на оваа мечка.
Препорачано
Мечката иако е заштитена со закон, Ангелов вели дека отстрелот е во согласност со Законот за ловство, член 16 став 5.
Во Законот за заштита на природата во членот 23 став 2 е предвидено дека отстрел на диви животни се врши врз основа на претходно добиена дозвола од министерот кој раководи со органот на државна управа, надлежен за вршење на работите од областа на ловството, а врз основа на претходно прибавено мислење од министерот кој раководи со органот на државната управа, надлежен за вршење од работите на работите од областа на заштита на природата, потенцира Ангелов.
Тој додава дека се против убивање на мечките, но во случај на појава на опасна мечка која нападнала човек и за која постои опасност повторно да нападне човек, ЦУК само поведува процедура пред надлежните министерства.