фото: Mornar-Barsko zlato/Media Pro

Црвена звезда против Игокеа, познати паровите од плеј-офот во АБА лигата

Кошаркарите на Игокеа го победија Морнар во 30 коло од АБА лигата со резултат 114:79, со што обезбедија дуел со Црвена звезда во плејофот од регионалното натпреварување.

Игокеа забележа повеќе од убедлива победа на самиот крај од регуларната сезона на АБА лигата, а во натпреварот против Морнар, Брајс Џонс и Огњен Радошиќ доминираа со по 20 поени, како и Бориса Симаниќ со дабл-дабл учинок од 19 поени и 12 скокови. Од друга страна, се истакна Чико Картер со 15 поени.

Морнар официјално испадна од АБА лигата како последен тим на табелата.

Сите двојки од плејофот во регионалната лига се комплетирани. Покрај Црвена звезда и Игокеа, во другите четвртфиналните мечеви се среќаваат: Партизан – Спартак, Будуќност – Мега и Дубаи – Цедевита.

Екипата што ќе запише победи на два натпревари ќе обезбеди пласман во полуфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот