Црвен крст ќе ги презентира резултатите од кампањата „Првата помош спасува животи“

Црвен крст / Фото:Архива на Слободен печат

Пред Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје денеска ќе бидат претставени резултатите од кампањата на Црвениот крст, „Првата помош спасува живот“, наменета за ученици од основните и средни училишта во земјава.

На настанот, според најавата на организаторите, ќе присуствуваат генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, заменик министерот за здравство Маја Манојлева, заменик министерот за образование и наука Агим Нухиу и градоначалникот на град Скопје Данела Арсовска.

Саити, во знак на благодарност за досегашната соработка, ќе им врачи благодарници на Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Кампањата беше спроведена од мај 2022 до мај годинава.

Пред Спомен куќата на Мајка Тереза ќе биде одржан и градскиот натпревар по прва помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот