
Црна Гора покренува своја вселенска програма
Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на вчерашната владина седница најави дека Црна Гора покренува своја вселенска програма.
Препорачано
– Црна Гора покренува своја вселенска програма и започнува со развој на сателитот „Луча“, кој треба да биде лансиран во вселената. Ова ќе биде финансирано од Фондот за иновации. Не се работи за големи средства, меѓутоа, бара многу работа. Но, Црна Гора ќе отвори уште една перспектива, а тоа е да стане нација која ќе учествува во активностите на другите земји во светот – рече Абазовиќ.
Тој најави и дека ќе ги поддржи иноваторите со пари од економското државјанство.
– Државата не сака да им препушти сè на ентузијастичните млади луѓе, туку и да ги поддржи. Се надевам дека нашиот „Луча“ гордо ќе служи во догледна иднина. Нашиот сателит ќе биде во орбитата како сателитите на многу земји – рече тој.
Црногорскиот премиер вели дека најголемата пречка за иноваторите е администрацијата која ќе треба да се усогласи. Тој додаде дека очекува црногорскиот сателит со помали димензии за краток рок да биде во вселената.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8час
-
9час
-
9час
-
9час
-
10час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5