
Чурлинов дебитираше за Барнли во тензичен натпревар со шест гола
Во петокот беше официјално промовиран како нов играч на Барнли, а веќе денеска го имаше и првиот официјален настап за својот нов клуб. Откако му беше одобрена меѓународна дозвола, Дарко Чурлинов веќе го имаше правото да биде во составот за дуелот против Блекпул.
Препорачано
Менаџерот Винсен Компани не чекаше многу, и веднаш му даде шанса на македонскиот репрезентативец да биде во тимот за натпреварот од петтото коло во англискиот Чемпионшип.
Барнли чии амбиции се враќање во Премиер лигата, во еден крајно драматичен и тензичен меч на домашен терен ремизираше 3:3 со Блекпул.
Уште во третата минута поведоа домаќините со голот на Браунхил, а позитивата ја зголеми Тела во 11 минута. Во 21 минута следуваше погодок на гостите за намалување на Корбеану, а во 33 минута Тела го постигна и својот гол на средбата за 3:1.
Од 72 минута настапи Чурлинов како замена за Витињо, а само 120 секунди подоцна гостите намалија со голот на Левери. Блекпул успеа да дојде до бод со погодокот на Јејтс. На двете страни имаше и по еден црвен картон, кај домаќините исклучен беше Матсен (85`) и Кери кај гостите (84`).
Ова е веќе трето реми за Барнли во пет одиграни меча за моментно 15 место со шест бодови. Во следното коло играчите на Компани ќе играат на 27 август на гости против Виган.