Фото: EPA/STF BLACK AND WHITE ONLY// IFA Film / United Archives / Profimedia

Чудно лансирање: Косата на тројца американски претседатели и пепел од легендите на „Ѕвездени патеки“ се испраќаат во вселената

Ракетата „Вулкан“(Vulcan) наскоро ќе носи примероци од косата на тројца американски претседатели во вселената, како и пепелта на легендите од научно-фантастичната серија „Ѕвездени патеки“.

Мисијата ќе ја организира „Целестис“, компанија специјализирана за испраќање кремирани останки и примероци од ДНК во вселената, пренесува „Хјустонкроникл“.

Станува збор за примероците од косата на првиот американски претседател и водачот на бунтот против британските власти во Северна Америка, Џорџ Вашингтон, како и на генералот и американски претседател Двајт Ајзенхауер и неговиот наследник на чело на Белата куќа, Џон. Ф. Кенеди.

Двајт Ајзенхауер – Фото: Bill Waterson / Alamy / Alamy / Profimedia

– Апсолутно е изводливо, од научна гледна точка, идните истражувачи да можат да ја пронајдат оваа летечка капсула и да проучат што има внатре. Веруваме дека им оддаваме признание на тројцата претседатели – изјави претседателот на компанијата Колби Јангблад.

Покрај примероците од косата на поранешните претседатели на САД, летот ќе ја содржи и пепелта на креаторот на серијата „Ѕвездени патеки“, Џин Роденбери , неговата сопруга Мајел Барет Роденбери, која играше значајни улоги во таа серија, како и примерок од ДНК на нивниот син. Во вселената ќе летаат и посмртните останки на другите легенди на „Ѕвездени патеки“ – актерката Нишел Николс, која го играше поручникот Ухуру, и актерите Џејмс Дуан, познат по улогата на Монтгомери Скот и Дефорест Кели, кој го играше доктор Леонард Мекој.

Фото: IFA Film / United Archives / Profimedia

– Многу сме задоволни што со оваа мисија го исполнивме ветувањето што ѝ го дадов на Мајел Барет Роденбери во 1997 година, дека еден ден заедно со неа и нејзиниот сопруг, креаторот на „Ѕвездените патеки“ Џин Роденбери, ќе летаме на спомен-лет во вселената – изјавил извршниот директор на компанијата Чарлс Чафер.

Во вселената ќе летаат и посмртните останки на астронаутот од Аполо, Филип Чепман, кој не можел да лета од Земјата во 1960-тите.

Лансирањето на ракетата „Вулкан“ било планирано за 24 декември, но било одложено за почетокот на следната година, т.е. за 8 јануари 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот