
Чуда се случуваат, ова е доказ за тоа: Милијардерот коj загуби три деца во терористички напад доби близначки
Нешто помалку од година дена од бомбашкиот напад „Кралот на Шкотска“, како што го нарекуваат Повлсен, и Ане станаа родители на близначки.
Данскиот милијардер Андерс Холч Повлсен (47) и неговата сопруга Ане, во мај минатата година се соочија го голема семејна трагедија. Нивните три деца Алма, Агнес и Алфред загинаа во велигденскиот терористички напад на Шри Ланка. Само најстарата ќерка Астрид преживеа.
Препорачано
Нешто помалку од година дена од бомбашкиот напад „Кралот на Шкотска“, како што го нарекуваат Повлсен, и Ане станаа родители на близначки.

„Ане и Андерс Холч Повлсен станаа родители на две здрави девојчиња, по лесната бременост и породување без компликации. Семејството со полно срце ги дочека овие две мали чуда. Многу сме возбудени што ќе ги запознаеме девојчињата и што дојдоа како потврда за животот“, стои во соопштението на нивната лична секретарка Кристен Монстер.
Се уште не се знаат имињата на девојчињата кои се родија во вторникот, а Андерс и Ана ги опишаа како „две мали чуда“.
Повлсен е сопственик на модниот ланец Bestseler, а и најголем земјопоседник во Шкотска. Исто така е најголем акционер на Асос, онлајн продавница за облека и козметика.
Неговото богатство се проценува на околу 5,6 милијарди долари. Своето богатство го наследи од родителите, а во Шкотска одлучил да вложува зошто уште како дете се вљубил во таа земја.
Инаку, во терористичките напада на Велигден 2019 година во Шри Ланка загинаа најмалку 290 лица, а ранети беа најмалку 500. Седум бомбаши самоубијци се разнесоа во цркви и луксузни хотели.
Туристичките агенции наводно предупредиле дека терористички групи планираат бомбашки напади, и како можни мети го посочиле туристичките атракции, хотелите, рестораните и аеродромите.