Трета титула во кариерата за хрватскиот тенисер Борна Чориќ/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Чориќ го изненади и Оже-Алијасим за полуфинале во Синсинати

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ, 152 играч на АТП листата, после скоро четири години повторно е полуфиналист на АТП турнир од Мастерс 1000 серијата.

Во четвртфиналето на турнирот во Синсинати (САД) да го совлада Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 6:4 и 6:4 после 100 минути игра.

Тоа беше уште една сензационална победа на Хрватот, откако пред два дена на турнирот го елиминираше и Рафаел Надал.

За пласман во големото финале Чориќ ќе игра против Британецот Камерон Нори кој беше подобар од Карлос Алкараз (Шпанија) со 7:6 (4), 6:7 (4) и 6:4.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат првиот носител Данил Медведев (Русија) и Стефанос Циципас (Грција).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот