Четвртиот пакет ги исклучи оние од третиот: Од 78.000 приговори за помош од 6.000 денари, прифатени само 2.132!

Фото: Janusz Pieńkowski / Alamy / Alamy / Profimedia

Финансиската помош од 6.000 денари од четвртиот пакет беше обезбедена за 283.000 луѓе, но околу 22.000 немаа ажурирани банкарски податоци и таа не им стигна на сметка поради што за нив е продолжен рокот за префрлање на пари, а околу 78.000 луѓе, пак, сметаа дека неоправдано ги нема на списокот за помош, дадоа приговори, но позитивен одговор има само за 2.132 граѓани.

Од Владата велат дека проверките завршиле и ова се конечните бројки за директната помош од четвртиот пакет.

– Најголем дел од неприфатените приговори од четвртиот економски пакет се од лица кои веќе добиле помош во третиот сет мерки. Политиката на Владата е да бидат опфатени што е можно повеќе граѓани – велат од Владата за „Слободен печат“.

Оттаму објаснуваат дека  податоците за граѓаните кои приговараа се обработени и листите се доставени до ПИОМ, УЈП, АВРСМ, кои имаат евиденција за овие граѓани и врз основа на обработката на податоците, приговорите се уважени или одбиени.

Конечната бројка на прифатени преговори е 2.132, а од нив 223 се од пензионери, 17 од самохрани родители, 1.798 од млади лица, 83 од естрадни уметници и други 11-мина за кои податоците ги даваат Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Управата за јавни приходи.

– Со измената на Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани, тие добија можност да ја средат документацијата до крајот на март. Со ова продолжување на рокот за финансиска поддршка од 6.000 денари, околу 22.000 граѓани на кои им следува оваа финансиска поддршка, а кои не ги ажурираа своите податоци во банките, како и 2.132 граѓани на кои им се уважија приговорите, ќе можат да ги искористат парите – е децидниот одговор од Владата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот