фото: Judo Club "Drim" Struga

Четири медали за џудистите на Дрим Струга на натпреварот во Бјелина

Изминатиот викенд македонскиот џудо клуб „Дрим“ Струга учествуваше на меѓународниот натпревар „Трофеј Пантера 2025“ што се одржа во Бјелина, Босна и Херцеговина.

На овој натпревар учество земаа околу 400 натпреварувачи од 38 клубови.

Како што известуваат од џудо клубот Дрим Струга, четири натпреварувачи успеаја да се закитат со медал.

Злато во категоријата -50 кг. освои Енил Ајдиноски, а во истата категорија сребро има Давид Спироски.

Во категоријата -46 кг., Мунир Ајдиноски дојде до бронза, а во категоријата -48 кг., во женска конкуренција сребро освои Елеонора Јосифоска.

Одлични борби прикажа и Мелек Тала, но не успеа да се закити со медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот