фото: facebook.com/Wrestling Club Shkupi

Четири медали од кои три златни за младите борачи на Шкупи на меѓународниот турнир во Полска

Како што известуваат од боречкиот клуб, Шкупи блескаше во Полска, со освоени три златни и еден бронзен медал.

На овој меѓународен турнир, со учество од многу европски земји и вкупно 564 регистрирани натпреварувачи, младите борачи на Шкупи донесоа одлични резултати.

Со злато се закитија Јусуф Заими, Бамир Сејфулау у Ануар Џемаили, додека Харун Мемеди освои бронза.

Мемеди во полуфиналето беше поразен од шампионот на Дагестан, Сахид Орамов, по извонредна и многу силна борба, но успеа да го обезбеди медалот и третото место.

Овие медали се награда за посветеноста и напорната работа. Боречкиот клуб Шкупи ги гради шампионите на иднината и го крева името на Шкупи на меѓународната сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот