Анди Исмаили
Анди Исмаили/Instagram

Честитки за Анди Исмаили: Момчето што „лета“ кога танцува е двократен светски шампион во модерен танц!

Во Варшава, Полска одекнуваше македонската химна, откако 12 годишниот гостиварчанец Анди Исмаили по вторпат стана светски првак во модерен современ танц.

Тој и оваа година ја израдува нашата земја и се врати од Полска со освоен златен медал. Момчето е светски шампион во модерен современ танц, откако оваа титула ја осви и во 2019 та година, на само 11 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANDI ISMAILI (@andyismaili)

Анди буквално „лета“ кога танцува, како што и самиот напиша на една од своите објави на Инстаграм:

„Се’ додека не ги рашириш крилјата, немаш претстава колку високо можеш да леташ“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANDI ISMAILI (@andyismaili)

Честитки за Анди, му посакуваме да го освојува светот со танцот и во иднина!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот