Чеченскиот лидер вели дека уште три илјади негови борци се спремни да заминат во Украина

Рамзан Кадиров
Рамзан Кадиров / Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека уште 3.000 негови борци се подготвени да заминат да се борат во Украина како дел од единиците на руското Министерство за одбрана и силите на руската Национална гарда.

„Тие (борците) ја имаат најдобрата опрема и модерно оружје. Покрај тоа, момците се многу борбени и високо мотивирани да постигнат резултати“, напиша Кадиров на Телеграм.

За Кадиров војната во Украина е бедем против „западната агресија“.

Тој во мај изјави дека Чеченија испратила повеќе од 26.000 борци да се борат во Украина како дел од руските сили од почетокот на руско-украинската војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот