вакцинација против ковид
Вакцинација против ковид. / Фото Архива на Слободен печат

Чагороска: Пред самата вакцинација разговарате со доктор кој ви кажува дали таа вакцина е соодветна за вас

Жаклина Чагороска од Националниот електронски систем „Мој термин“ во вечерашното гостување на телевизија Телма порача дека граѓаните не треба да се плашат да отидат на вакцинацијата, бидејќи на секој пункт има доктор со кој прво разговараат и им кажува дали таа вакцина е соодветна за нив.

Досега околу 192 илајди се пријавени за вакцинација. Заклучно со вчерашниот ден нешто повеќе од 47.000 лица се вакцинирани.  Граѓаните треба да знаат дека на самиот пункт пред да се вакцинираат имаат разговор со лекар. Секој има прилика да разговара со доктор. Има и студенти по медицина. Ако се утврди можност за некоја контраиндикација, тогаш им се предлага да не се вакцинираат со таа вакцина. Не треба да се плашат, бидејќи прво разговараат со доктори, рече Чагороска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот