Тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ/Фото: Luka Stanzl/Pixsell/instagram.com/gnkdinamo

Чачиќ: Ја прифаќаме фаворитската улога, па Динамо е подобар од Шкупи

И Динамо Загреб одржа прес конференција по повод реванш натпреварот од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите во вторник (26 јули) против Шкупи на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје со почеток од 21.00 часот.

Првиот дуел на стадионот „Максимир“ заврши 2:2, резултат на кој повеќе се радуваше македонскиот шампион, но и најавува продолжување на возбудувањата во овој двомеч.

Доколку Шкупи успее да го елиминира Динамо, покрај пласманот во 3. квалификациско коло во ЛШ, би имал сигурен плеј-оф во Лига Европа и сигурна групна фаза во Лигата на конференции.

Тренерот на чаирчани, Гоце Седлоски вели дека и на возвратната пресметка неговиот поранешен клуб ја има фаворитската улога.

Истата ја прифаќа и стратегот на „модрите“, Анте Чачиќ кој воедно е свесен дека Шкупи ќе направи сè за да го изненади Динамо.

– Го чекаме реваншот, двомеч кој ќе каже кој оди понатаму во Лигата на шампионите. Како гостински тренер ја прифаќам улогата на фаворит. Со почит кон домашната екипа, мислам дека Динамо е подобриот тим. Ќе направиме сè за да бидеме подобри од првиот натпревар. Имаме квалитетен состав, повеќе искуство во Европа, дојдовме овде со вжештени глави и чисти срца, сакаме да го направиме она што се очекува од нас. Шкупи сака да направи изненадување, а ние ќе се обидеме да го спречиме. Можеби не треба да кажам, но Шкупи има тројца добри напаѓачи, добри се и во средниот ред, имаат добра длабочина и енергија. Сè се врти околу Алварез, тој ми се чини дека е најважен – вели Чачиќ.

Воедно од хрватскиот клуб информираат дека пренос од реваншот Шкупи – Динамо Загреб ќе има „ХРТ2“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!