Убиениот научник Алесандро Коати / Фото: Royal Society of Biology

Ценет италијански научник отишол на одмор во Колумбија и не се вратил, телото му го нашле распарчено во куфер

Телото на истакнатиот 42-годишен научник од Италија, Алесандро Коати, е пронајдено распарчено во куфер во колумбискиот град Санта Марта, каде што Алесандро бил на одмор. Куферот со телото бил фрлен во поток, јавува „Асошиејтед прес“.

Полицијата досега ги пронашла само главата, рацете и стапалата, додека се бараат торзото и другите делови од телото на несреќниот Италијанец. Коати всушност бил по потекло од Италија, но со години живеел и работел во Лондон.

Ова ужасно откритие дојде откако деца кои си играле во потокот го пронашле и го отвориле куферот со морничава содржина.

Коати имал планови да се упати кон националниот парк Тајрона во недела наутро, изјавија за „Ел Еспетадор“ вработените во хотелот во кој престојувал. Во оваа идилична област, на 34 километри од Санта Марта, можело непречено да се проучува разновидната природа која ги привлекува молекуларните биолози. Но, кога Коати не се вратил следниот ден, неговите пријатели ја алармирале полицијата.

Откако дознале дека туристот е мртов, веднаш следела опсежна истрага, а градоначалникот на Санта Марта, Карлос Пинедо Куело, понудил награда од 12.000 долари за информација што ќе доведе до апсење на одговорните за убиството на Алесандро.

„Им наредив на властите да ги здружат силите и да ја решат смртта на италијанскиот државјанин Алесандро Коати. Нудиме награда од 50 милиони колумбиски пезоси за информација. Ова злосторство нема да остане неказнето“, рече градоначалникот.

Инаку, Коати престојувал во хостел во Санта Марта, а последен пат бил виден во петокот. Неговите останки биле пронајдени во неделата покрај патот што води до фудбалскиот стадион во Сиера Невада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот