
Цементарница „Усје“ ја демантира Арсовска: Измерените штетни гасови биле пониски од дозволените вредности
Цементарница “Усје“ ги отфрла како неоснованите ставови изнесени во јавноста од градоначалничката Данела Арсовска на денешната прес конференција. Оттаму тврдат дека вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена на 3 и 4 јануари 2023 година, во присуство и на инспектори од Град Скопје, потврдила дека емисиите од производниот процес во Цементарницата се пониски од дозволените гранични вредности.
Препорачано
На прес конференцијата без изнесени и податоци за мерења на 26 и 27 декември 2022 година. Вакви мерења во овие денови во кругот на фабриката воопшто не се направени, па оттука резултатите од нив не можат да се поврзат со „Усје“. Мерењата направени на 3 и 4 јануари 2023 од страна на ДИЖС и инспектори за животна средина на Град Скопје во кругот на Цементарница Усје, уште еднаш потврдуваат дека нема корелација помеѓу работата на Цементарницата и квалитетот на амбиентниот воздух во градот. Резултатите од мерењата на сите емисини точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на РМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во Цементарница Усје е дури и помала од други мерни места во градот – се вели во соопштението од Цементарница.
Поради енергетската криза и нарушеното снабдување со природен гас, за загревање на просториите се употребува мазут што, како што велат од „Усје“ е дозволен енергенс согласно А-интегрираната иколошка дозвола
При оваа вонредна контрола, кај парниот котел, кој не е дел од производниот процес и е исклучиво наменет за загревање на просториите, беше регистрирано отстапување кај еден параметар од мерењата. Компанијата веднаш ќе ги имплементира препораките на инспекторатот и ќе направи замена на енергенсот со природен гас – соопштуваат од „Усје“