Илон Маск и Ајуми Хамасаки - Фото: EPA/ Инстаграм

Цел свет зборува за тајното 15-то дете на Илон Маск! Се огласи мајката

Јапонската пејачка Ајуми Хамасаки одговори на гласините дека има дете со Илон Маск. Гласините се појавија откако писателката Ешли Сент Клер, мајката на 14-тото дете на Маск, изјави дека тој има дете со јапонската ѕвезда. Обожавателите брзо почнаа да шпекулираат дека станува збор за Хамасаки.

„Го следам ова и мислам дека е време да проговорам. Илон Маск не е татко на ниту едно од моите деца“, напиша таа на Инстаграм стори, пренесува „Токио Викендер“. Хамасаки, патем, има два сина со двајца мажи и никогаш не ги открила идентитетите на нивните татковци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ayumi hamasaki (@a.you)

Ајуми ја насмеале гласините, но призна дека тоа е нешто што таа би можела да го направи. „Дури и мајка ми се насмеа кога ги слушна гласините и рече: „Изгледа дека ова е нешто што би го направила ти“. Но, тоа едноставно не е вистина. Ако го оставам настрана мојот личен имиџ, кога моите деца ќе бидат доволно возрасни за да почнат да пребаруваат на Гугл, не сакам да се сопнат на гласините и да мислат дека се вистинити, па затоа цврсто ги негирам“, додаде Хамасаки, која е најпродаваната соло уметница во Јапонија. Таа има продадено повеќе од 50 милиони албуми во текот на својата кариера и е наречена „Кралица на попот“ низ цела Азија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ayumi hamasaki (@a.you)

Во пораките до кои дојде „Волстрит журнал“, Маск ѝ пишал на Ешли во 2023 година дека ќе се сретне со „јапонски претставници“ за да стане донатор на сперма за позната жена од Јапонија. „Се чинеше како сè да е само негов алтруизам и неговото општо верување дека овие луѓе само треба да имаат деца“, рече Сент Клер.

„Тие сакаат да бидам донатор на сперма. Никаква романса или нешто друго, само сперма“, напиша Маск во пораката. Потоа ѝ кажа дека се согласил да ја донира својата сперма на непозната жена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот